Пред натпреварот вечерва голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски даде интервју за шпанска „Марка“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во интервјуто Димитриевски истакна дека ќе биде вистинско чудо ако Македонија ја елиминира Италија, но посочи и дека ова е најважниот натпревар во неговата кариера.




„Ќе биде вистинско чудо ако ја елиминираме Италија, но веќе ја победивме Германија во групната фаза и секако дека имаме шанси. Сигурно дека и Италија ќе направи се за да не победи. Притисокот е на нивна страна ние сме мирни и ја чекаме нашата шанса. За нас нема да биде неуспех ако не се оди во Катар, ова е натпревар со кој нашите навивачи треба да се гордеат. Дефинитивно најважниот натпревар во мојата кариера. Нормално дека натпреварите за Рајо ми се важни, но репрезентацијата е нешто поинакво кога знаеш дека зад тебе е целата земја“, изјави Димитриевски.




Натпреварот во Палермо се игра вечерва од 20:45 часот, а победникот како што е познато ќе оди на дуел против победникот од Португалија и Турција и во тој натпревар на 29. април ќе се решава за патникот во Катар.