Дома Фудбал Димитриевски пред нов рекорд во дресот на Рајо

Димитриевски пред нов рекорд во дресот на Рајо

Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски сезонава има вкупно 11 натпревари без примен гол во Ла Лига со што го сруши клупскиот рекорд на КонтрераС ОД 1996/1997 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Димитриевски во последните три сезони на голот на Рајо собра 284 интервенции и со тоа е трет најдобар голман во Ла Лига во тој период. Нашиот репрезентативец е на одличен пат и до крајот на актуелната сезона да сруши уште еден рекорд.

Досега Димитриевски одигра 184 натпревари во дресот на мадритскиот клуб и му недостигаат само уште три за да стане голман со најмногу настапи за Рајо. Во овој момент рекордер е Вилфред.

Ако се знае дека Димитриевски и понатаму е незамнелив овој рекрод се очекува наскоро да биде срушен.

Засега не е познато дали Димитриевски и следната сезона ќе биде во Рајо, неодамна се шпанските медиуми го поврзуваа со Валенсија, но македонскиот голман набрзо ги демантираше информациите дека има постигнато договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се сеќавате ли на видеото во кое Инфантино сакаше да покаже колку знае фудбал? Стана вирално! (Видео)

Џани Инфантино е навикнат да биде во центарот на вниманието зборувајќи за најголемите фудб…