Дома Фудбал Останато Диего Форлан станува тренер!

Диего Форлан станува тренер!

Поранешниот голгетер е прв кандидат за клупата на Пењарол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Диего Форлан ја заврши кариерата и го чека само уште прошталниот натпревар во неговиот роден Уругвај, но нема да остане долго време надвор од теренот. Диего Форлан планира веднаш да се впушти во тренерските води.

И тоа веќе има повик. Големиот Пењарол, најголемиот уругвајски и еден од најголемите јужноамерикански клубови ја разгледува можноста Форлан да го постави за главен на стручниот штаб.

Тековната сезона се заврши неуспешно за клубот бидејќи најголемиот ривал Национал им ја освои титулата „пред носот“.

Форлан порача дека е спремен.

„Знам дека немам искуство, но сум спремен. Би бил пресреќен ако добијам прилика да го водам Пењарол. Има и други кандидати кои се квалитетни и мораат да се земат во предвид. За мене би било спектакуларно на тој начин да ја започнам кариерата“, изјави Форлан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сериозни избори по 17 години: Перез доби голем конкурент за претседателската позиција

Во Реал Мадрид за прв пат по 2009 година ќе се одржат избори за претседател на кои Флорент…