Напаѓачот на Челзи, Диего Коста многу брзо би можел да облече нов дрес, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, додека се чека договорот помеѓу Челзи и Атлетико Мадрид англиските медиуми дознаваат дека шпанскиот репрезентативец до јануари би можел да заигра во Саудиска Арабија на позајмица во Ал Халил.
Клубот Ал Халил е шампион во Саудиска Арабија и еден од најсилните тимови во Азија, а Коста би требало да остане во форма до конечното преминување во Атлетико.
Притоа, во Саудиска Арабија може да заработи сериозна сума на пари, наместо да плаќа казни кои му ги изрече Челзи поради непочитување на договорот.