Дома Трансфер зона Дибала се сели во Премиер лигата

Дибала се сели во Премиер лигата

Пауло Дибала не е задоволен од својот статус во Јувентус и веќе сериозно размислува за промена на средината.

ПСЖ е сериозно заинтересиран за 27-годишниот Аргентинец, но самиот фудбалер сонува да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека агентите на Дибала веќе работат на трансфер и го понудиле Аргентинецот на сите Топ клубови од Премиер лигата.

Аргентинецот на лето ќе влезе во последната година од договорот со Јувентус, па „старата дама“ нема да може да бара повеќе од 40 милиони евра за неговата слобода.

Во 2019 година Дибала беше блиску до трансфер во Премиер лигата, но тогаш ги одби понудите од Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Бриж🎥

Европските гиганти покажуваат силен интерес за младиот дефанзивец на Клуб Бриж, Одилон Кос…