Дома Фудбал Дибала има специјална клаузула, Рома му нуди нов договор

Дибала има специјална клаузула, Рома му нуди нов договор

Пауло Дибала може да ја напушти Рома на крајот на сезоната, ако римскиот клуб не обезбеди пласман во Лигата на шампиони, открива „Газета дело Спорт“.

Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.

29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и до сега на 16 меча директно учествувал на 13 гола за „волчицата“.

Поради тоа Рома е подготвена да му понуди нов договор на Аргентинецот. Дибала во моментов има плата од 4.2 милиони евра по сезона, која би била зголемена на 6 милиони евра, со што би се отстранила клаузулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Табаковиќ ја прекина кризата на Земун: Мојсов со првенствена победа во Србија

Ѓорѓи Мојсов го предводеше Земун до 1:0 над Мачва, прв триумф по 12 кола без победа. Решав…