Дома Топ вести Дибала зошто баш сега!? – Фотографија на Аргентинецот која предизвика „бура“ во медиумите

Дибала зошто баш сега!? – Фотографија на Аргентинецот која предизвика „бура“ во медиумите

dybala

Паоло Дибала не се најде на списокот на Хорхе Сампаоли за пријателските натпревари на Аргентина, па слободното време одлучи да го искористи на поинаков начин.

Аргентинецот одлучи двата слободни дена да ги помине ни помалку, ни повеќе – во Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа секако е одличен повод за шпанските медиуми да започнат гласини и да го поставуваат прашањето поради што Дибала престојувал во Мадрид?

На сето тоа Дибала бил во друштво на својот брат кој е и негов агент. „Ас“ потсетува дека токму Дибала е една од летните желби на Флорентино Перез.

Покрај тоа се наведува дека ова баш и не е најдобар момент за претстој во Мадрид со оглед на што Јувентус повторно се сретнува со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Сепак, Дибала сето тоа веројатно и го знае и доколку во целата оваа приказна има вистина веројатно не би си дозволил да биде во Мадрид во овој период или подобро кажано не би дозволил да биде „уловен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…