Дома Трансфер зона Дибала за првпат откри зошто ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија

Дибала за првпат откри зошто ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија

Аргентинецот, Паоло Дибала се најде во центарот од вниманието откако неодамна одлучи да ја одбие понудата од Саудиска Арабија и да остане во Рома.

Емполи вчера ја изненади Рома победувајќи ја во Ром со 1:2, Дибала во овој натпревар ја погоди стативата во финишот од средбата. Летово аргентинскиот фудбалер доби понуда за тригодишен договор од Саудиска Арабија вреден 75 милиони евра.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Иако, се најавуваше дека трансферот е блиску до реализација, Дибала на крај кажа „не“ на понудата и одлучи да продолжи со Рома.

По вчерашниот натпревар за медиумите Дибала зборуваше за оваа понуда.

„Сите ги гледаат само парите. Во еден момент ставив се на маса, а на крајот одлучи семејството, сопругата, љубовта кон градот и тимот, меѓутоа тука беше и желбата да се вратам во репрезентацијата. Имам 30 години и се чувствувам добро, знам дека сум критикуван поради честите повреди, меѓутоа се трудам да се грижам за себе“, изјави Дибала.

Зборуваше Дибала и за ситуацијата на неговиот агент.

„Не се промени, се пишуваше дека ќе изгубел многу пари, меѓутоа тоа не е вистина. Негова жела беше да бидам задоволен со изборот. Тој човек не е само мој аггент, туку и мој пријател. Кога во прашање е клубот од Саудиска Арабија не знам како бил прифатен мојот одговор, воопшто не разговаравме“, додаде Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…