Дома Трансфер зона Де Јонг продолжува да одбива трансфер

Де Јонг продолжува да одбива трансфер

И покрај информациите дека Барселона и Манчестер Јунајтед се се поблиску до договор за трансфер на Френки де Јонг на „Олд Трафорд“, самиот играч продолжува да одбива да ја напушти Барселона, пренесува „Спорт“.

Според весникот, Холанѓанецот е решен да остане во Барса и моментално нема намера да ја промени својата одлука и за тоа ги известил двата клуба.

Барселона и Манчестер Јунајтед ќе продолжат да се обидуваат да го убедат Де Јонг да се пресели на „Олд Трафорд“. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг веќе разговарал со играчот кого одлично го познава, но и покрај ветувањата дека ќе биде еден од главните играчи во тимот, се уште нема резултат.

И од „Камп Ноу“ сакаат трансферот да се реализира за да можат да ги остварат своите цели. Каталонците имаат финансиски проблеми и приоритет на клубот е да го продаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте во Тотенхем „отпишал“ четворица играчи кои вредат 100 милиони евра

Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четво…