Дома Фудбал Лига на шампиони Де Лихт: Тешко е да се преживее ваков пораз

Де Лихт: Тешко е да се преживее ваков пораз

Јувентус синоќа ги разочара своите навивачи откако беше елиминиран во осминафиналето од Порто во Лигата на шампиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Старата дама“ беше елиминирана после продолженија, иако од стартот на второто полувреме играше со играч поваќе.

Дефанзивецот Матијас де Лихт истакна дека е тешко да се преживее ваква рана елиминација од ЛШ.

„Повеќе од 60 минути игравме со играч повеќе. Игравме против десет фудбалери и вакво сценарио е тешко да се преживее. Мислам дека лошо го отворивме натпреварот“, изјави Де Лихт.

„Во второто полувреме игравме добро, игравме брзо и создававме шанси, постигнавме два гола, но топката едноставно не сакаше во гол. Тешко е да се преболи елиминацијата од ЛШ во март“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …