Дома Фудбал Италија Де Лихт разочаран: Не го очекував ова!

Де Лихт разочаран: Не го очекував ова!

0

Матијас де Лихт важи за еден од најталентираните дефанзивци во светот и ова лето европските гиганти се „тепаа“ за неговиот потпис.

Де Лихт имаше многу понуди на маса, но на крај избра да се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.

Холанѓанецот пристигна како големо засилување, но вчера на првиот натпревар од Серија А беше на клупата за резерви и не доби шанса за игра.

После мечот Де Лихт јавно го изрази своето незадоволство, иако покажа респект кон Бонучи и Киелини, кои играа на стоперските позиции.

„Секако дека сакав да играм. Мора да признам дека на тренинзите не претпоставував дека ќе седам на клупата за резерви, но ја почитувам одлуката на тренерот. Се уште се навикнувам на Италија, а Киелини и Бонучи ги сметам за една од најдобрата стоперска двојка. На мене е да се наметнам и да се изборам за место во составот“, изјави Де Лихт.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Липи го брани Де Лихт: Се сеќавате на Зидан?

Maтијас Де Лихт ова лето направи трансфер од Ајакс во Јувентус. Холанѓанецот го сакаа неко…