Дома Фудбал Де Лаурентис: Јувентус е господар на Италија, нив секогаш им се помага

Де Лаурентис: Јувентус е господар на Италија, нив секогаш им се помага

Јувентус вчера вечер стигна до нов трофеј во италијанската Серија А, кое за „старата дама“ беше осмо Скудето во низа, Наполи одигра уште една сезона во која заврши на втората позиција.

Претседателот на Наполи како и неколку пати претходно уште еднаш го обвини Јувентус дека добива помош „од страна“.

„Навивачите секогаш сакаат да го победиме Јувентус. Меѓутоа тоа е тешко, тие се господари на Италија и на нив секогаш им се помага“, изјави Де Лаурентис.

Потоа Де Лаурентис зборуваше и за ситуацијата до продажба на влезници.

„Тие продаваат 35.000 карти за Ајакс и заработуваат пет милиони евра, ние продаваме 40.000 и заработуваме два милиони. Ние немаме иста приорда како Јувентус и градот на Неапол нема средства какви што има Торино. За одредени работи потребно е да имате храброст и знаење. Ги ценам навивачите, но не го делам мислењето со нив. Тие бие се задолжиле за да ги доведеме Икарди и Меси“, објасни Де Лаурентис.

На Наполи до крајот на првенството му остана да одигра уште еден натпревар за оваа сезона, против Болоња на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…