Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис му одговори на Андреа Пирло кој се пожали што по третата жалба на Наполи донесена е одлука дуелот Јувентус – Наполи кој претходно беше регистриран со службен резултат за „старата дама“ да се преигра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На почетокот на октомври поради коронавирус Наполитанците не допатуваа во Торино и тогаш беше одлучено Јувентус да го добие натпреварот со службени 3:0.
„Пирло мора да си ја гледа неговата работа – да ја тренира екипата, не треба да зборува за работи кои треба да ги решаваат управите на клубовите и надлжените органи.
„Нема да кажам дека Пирло е идиот, но не е правник и не ги разбира законите. Имаме реалност каква што е Ковид и законите и прописите мораа да се почитуваат. Ниту еден фудбалски натпревар не може да биде поголем од државниот закон. Како што кажав нека си ја работи неговата работа“, изјави Де Лаурентис.