Давид Де Геа се уште е без ангажман откако го напушти Манчестер Јунајтед, а сега според последните информации би можел да се врати на „Олд Трафорд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наводно, Јунајтед размислува да го врати Де Геа на три месеци и така да го покрие отсуството на Андре Онана на почетокот на следната година. Де Геа не се договори со Јунајтед за нов договор бидејќи клубот сакаше да му ја намали платата, а потоа го доведе Онана за 55 милиони евра.
Онана во јануари и февруари ќе има обврски кон Камерун во Африканскиот куп на Нации, па така во Јунајтед стравуваат дека во тој период голманската позиција нема да им биде добро покриена.
Токму затоа се разгледувала опцијата за враќање на Де Геа, но само на три месеци.