Дома Фудбал Де Геа одбрани пенал во последна секунда, Јунајтед освои три бода

Де Геа одбрани пенал во последна секунда, Јунајтед освои три бода

Манчестер Јунајтед запиша победа на тешкото гостување кај Вест Хем во исклучително возбудлив натпревар (1:2).

Вест Хем прв дојде до водство со голот на Бенрама во 30 минута, но радоста на домашните траеше само 5 минути кога Роналдо израмни на 1:1, резултат со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме гледавме возбудлив меч, а впечаток беше дека Вест Хем го контролира мечот.

Резервистот Лингард на две минути пред крајот постигна прекрасен гол за 1:2, а Де Геа стави потпис на победата откако во 94-та минута му одбрани пенал на Нобл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени се повреди на тренинг, Франција остана без уште еден репрезентативец

Играчот на Реал Мадрид го напушти францускиот табор поради повреда на мускул. Зидан нема д…