Дома Фудбал Репрезентации Де Бур: Ќе ја победиме Македонија со 3:0, но можеби е подобро да изгубиме

Де Бур: Ќе ја победиме Македонија со 3:0, но можеби е подобро да изгубиме

Стратегот на Холандија, Франк Де Бур вчера го објави списокот на играчи на кои ќе смета за Европското првенство – тука. Холандија на ЕП ќе игра во група со нас, Украина и Австрија.

Де Бур е убеден дека неговата селекција има квалитет да ја победи Македонија, а прогнозираше дека тоа ќе биде со резултат 3:0. Меѓутоа посочи дека можеби подобро Холандија да изгуби од Македонија.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


„Не верувам дека ќе изгубиме од Македонија, ќе победиме со 3:0. Меѓутоа можеби попаметно е да го изгубиме тој натпревар и да бидеме втори. Ако сме први во нашата група не чека тежок противник од „групата на смртта“. Од друга страна ако сте трети може да добиете и полесен противник“, изјави Де Бур.

Натпреварот помеѓу Македонија и Холандија ќе се игра во третото коло од групната фаза на 21. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сириец во „пет за 12“ потпиша за Гостивар

Пред затворањето на зимскиот преоден рок, Гостивар во последен момент успеа да го обезбеди…