Дома Трансфер зона Дејан Илиев добива професионален договор во Арсенал

Дејан Илиев добива професионален договор во Арсенал

0
iliev

Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, Македонецот, Дејан Илиев ќе потпише професионален договор со „топчиите“.

Арсенал како и уште неколку клубови во текот на вчерашниот ден објави листа на играчи на кои нема да смета за новата сезона.

За огромно задоволство на македонската фудбалска јавност, Дејан Илиев не се најде на таа листа и ќе добие продолжување на договорот.

Според ова јасно е дека Емери е задоволен од прикажаното на Илев кој во минатата сезона стигна до титулата во Премиер лигата за играчи до 23 година.


Следете го Sportski.mk и на


Покрај Илиев продолжување на договорите со Арсенал добија уште петмина фудбалери: Џек Вилшер, Толаи Бола, Џош Да Силва, Влад Драгомир и Јасин Фортјун.

Дејан Илиев во редовите на Арсенал брани веќе шест години од кога во 2012 клубот од Лондон го доведе од Беласица.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер одбраната ја засилува Германец од Борусија Дортмунд?

Tимот на Интер веќе во јануари ќе се обиде да се засили, а една од желбите на раководствот…