Дома Фудбал Останато Дејан Илиев во Арсенал ќе работи со клупската легенда на „топчиите“!

Дејан Илиев во Арсенал ќе работи со клупската легенда на „топчиите“!

0
ljumberg

Фреди Љумберг ќе се врати во Арсенал!

Некогаш лидерот на репрезентацијата на Шведска и еден од најдобрите фудбалери во историјата на Арсенал, Фреди Љумберг ќе се врати на местото каде што ги освои срцата на навивачите.

Љумберг сега како тренер на младиот тим (У23) ќе се врати во Лондон, а интересно е веќе работеше во овој клуб како тренерн а тимот до 14 години.
Оваа сезона Швеѓанецот искуство собираше во Бундес лигата како помошник тренер во Волфсбург.

„Среќен сум што повторно се враќам во клубот. Арсенал секогаш беше посебно место за мене, мило ми е што ќе добијам прилика да го водам младинскиот тим“, изјави Љумберг.

Иначе, треба да истакнеме дека член на младинскиот тим на Арсенал е и нашиот голман Дејан Илиев кој неодамна потпиша професионален договор со „топчиите“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: Донарума го спаси Милан, сега „росонерите“ чекаат „помош“ од Јуве

Милан потешко од очекувањата го победи Фросиноне (2:0) и се врати на четвртата позиција на…