Жерард Деулофеу своевремено важеше за еден од најголемите таленти во светот, додека беше дел од „Ла Масија“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Деулофеу му се предвидуваше блескава кариера на „Камп Ноу“, но тоа не се случи. Тој својата кариера ја градеше во Премиер лигата каде играше за Евертон и Ватфорд.




Имаше една успешна епизада во Милан, а сега покажува одлични партии во дресот на Удинезе.
Шпанецот сега по трет пат може да се врати на Островот бидејќи Вест Хем покажува силен интерес. „Чеканите“ се спрмени да испратат понуда за 27-годишниот крилен фудбалер.




Тимот на Дејвид Мојс игра одлично, па Деулофеу сигирно би бил големо засилување бидејќи има големо искуство во Премиер лигата.