Дома Фудбал Италија Детали за скандалот во Италија: Јувентус повторно ризикува преселба во Серија Б?

Детали за скандалот во Италија: Јувентус повторно ризикува преселба во Серија Б?

Oд вчера главна тема во Италија е скандалот во кој финансиската полиција влезе во канцелариите на Јувентус. Се истражуваат неправилности на италијанскиот гигант во последните години.

Според последните информации од Италија проблематични се дури 42 трансфери. Најпозната е зделката со Барселона во која клубовите ги разменија Миралем Пјаниќ и Артур Мело. Сомневањата се дека се поставен нереални вредности кои помогнале Јувентус да ги израмни сметките.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се шпекулира и дека под лупа е еконоската соработка со Роналдо. Главните осомничени се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, како и спортскиот директор Фабио Партичи кој сега е во Тотенхем.

„Старата дама“ ризикува парична глоба, одземање бодови па дури и преселба во Серија Б доколку истрагата покаже дека „старата дама“ стигнала до лиценца за настап во првенството со помош на „штелувањето“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…