Десет фудбалери на Реал Мадрид не сакале Антонио Конте да седне на кормилото на „кралскиот“ клуб, пренесува еминентниот новинар Данкан Касалс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претседателот Флорентино Перез веднаш по заминувањето на Зидан започнал преговори со Конте, но повеќето фудбалери се заканиле со трансфер доколку на кормилото седне Италијанецот.
Тоа го натерало Перез да ја промени одлуката и се насочи кон друг Италијанец, Карло Анчелоти, кој е почитуван во соблекувалната на Реал Мадрид.
Анчелоти во својот прв мандат работеше со повеќето актуелни фудбалери на Реал и остана во одлични односи.