Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Симеоне ќе му зема мерка на „својот“ Интер

Дерби на денот: Симеоне ќе му зема мерка на „својот“ Интер

Денес во фокусот секако ќе бидат натпреварите од нокаут фазата во Лигата на шампиони каде ќе бидат познати сите четврфиналисти, а дербито се игра во Мадрид помеѓу Атлетико и Интер.

Лош момент за Атлетико Мадрид

За разлика од минатата сезона Атлетико оваа сезона игра многу подобро, но во Шпанија заостанува зад лидерот и веќе испадна од трката за титулата. Во Лигата на шамшиони имаше релативно лесна група и без поголеми проблеми се пласираше во следната фаза. За жал Симеоне немаше среќа во ждреот и го доби еден од тимовите со најдобра форма во Европа. Притоа, за Атлетио овој дуел доаѓа во многу незгоден момент бидејќи тимот има значителен пад на формата и запиша три порази на последните пет меча. Дополителна потешкотија претставува фактот што Атлетико има негатива и ќе мора да брка резултат, а тоа нема да биде лесно. Гризман е во добра форма, па сигурно Французинот ќе биде најголема закана за „нероаѕурите“. Атлетико сигурно нема да се предаде лесно, а домашниот терен ќе биде голема предност.

Интер во импресивна форма


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Интер игра фантастична сезона и е еден од најдобруте тимови во Европа според статистиката. Во Серија А е неприкосновен лидер и се наоѓа многу блиску до освојување на Скудетото, а во Лигата на шампиони без поголеми проблеми ја мина групната фаза. На крајот тимот на Симеоне заврши во второто место во групата, но со ист број бодови како Сосиедад. Тоа му донесе многу силен противник на тимот веќе во осминафиналето, бидејќи Атлетико по стилот воопшто не им одговара на „нероаѕурите“. Меѓутоа, во првиот меч Интер покажа дека во моментов е подобар тим од Атлетико и победи со 1:0, но таа победа можеше да биде поубедлива. Сега со предност ќе патува во Мадрид, а тоа ќе значи дека „нероаѕурите“ можат да го играат својот стил на игра и да чекаат грешка на противникот за да казат. Помалку импресивно звучи податокот дека Интер на последните 12 меча имаат 11 победи и само едно реми. Тоа на тимот му дава голема самодоверба и оваа сезона амбициите се највисоки.

Очекување

Очекуваме возбудлив и неизвесен дуел кој ќе го одлучуваат мали детали. Двата тима ќе играат претпазливо, па поради тоа очекуваме и малку голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Портсмунт по 12 години се врати во Чемпионшип: Следуваа спектакуларни сцени 🎥

Портсмут го освои трофејот во Лига 1 (трета лига на Англија) и обезбеди пласман во Чемпион…