Дома Фудбал Англија Дербито на Манчестер за Јунајтед: Фернадеш и Рашфорд го „решија“ Сити за три минути!

Дербито на Манчестер за Јунајтед: Фернадеш и Рашфорд го „решија“ Сити за три минути!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Воопшто не налекуваше ова градско дерби на Манчестер како претходното оваа сезона на „Етихад“ кога „граѓаните“ славеа со 6:3. Денес „црвените ѓаволи“ на свој терен запишаа триумф од 2:1.

На стартот од натпреварот Манчестер Јунајтед беше подобриот тим на теренот, се создаваа шанси пред голот на Едерсон, но реализација немаше. На пауза така се замина без голови.

Сликата во второто полувреме се промени, Манчестер Сити започна да има иницијатива, меѓутоа без посериозни шанси. Сепак тимот на Пеп успеа прв да стигне до водство и тоа во 60. минута преку Џек Грилиш кој погоди на асистенција на Де Брујн.

Бруно Фернандеш во 78. минута носи изедначување, а само четири минути подоцна Маркус Рашфорд ја продолжи одличната голгетерска серија и погодува за целосен пресврт.

До крајот на натпреварот Јунајтед успеа да го задржи водството и да освои важни три бода. На табелата сега Јунајтед доаѓа на само еден бод од Манчестер Сити кој на втората позиција има 39 бода. Лидер е Арсенал со 44, „топџиите“ утре ги очекува градското дерби со Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Монца во следните сезони ќе се бори за Скудето“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Eкипата на Монца мин…