Дома Македонски спорт Мак фудбал Дербиото во ВМФЛ заврши по „мерка“ на Вардар!

Дербиото во ВМФЛ заврши по „мерка“ на Вардар!

Во дербито на колото во Втората лига денес се сретнаа Воска и Гостивар, а на крајот заврши како „по мерка“ на Вардар, ремизираа (0:0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со ова реми Воска и Гостивар му го отворија патот на Вардар со евентуална победа утре против Караорман да се искачи на лидерската предностт.

Дербито помина во тензична, но спортска атмосфера. Воска имаше повеќе од играта и создаде посериозни прилики, но сепак изостана реализацијата, па победник не видовме.

Изненадување приреди Арсими кој го победи Детонит. Беласица по одложениот натпревар поради инцидентот во Скопје денес ја победи Каменица Саса со 2:0. Сигурен на свој терен беше Пелистер совладувајќи го Охрид со 3:0. Кожуф на свој терен со минимални 1:0 го совлада Борец.

Фото: ФК Воска Спорт

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …