Дома Фудбал Англија Денес се игра натпреварот вреден – 170 милиони фунти!

Денес се игра натпреварот вреден – 170 милиони фунти!

05.26chempionship

Голем дел за љубителите на фудбалот во Англија!

Додека сите очи се вперени кон финалето од Лигата на шампионите денес се игра исклучително важен натпревар во Англија. Натпреварот кој ќе одлучи кој ќе игра во Премиер лигата наредната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фулам и Астон Вила се борат за последното место во најелитното натпреварување во Англија, а веќе скоро секоја година пишуваме од колкава важност е овој натпревар.

Овој натпревар освен промоцијата во Премиер лигата е вреден и 170 милиони фунти, толку со сите бонуси и ТВ правата за наредната сезона ќе заработи победникот.

Освен тоа тука е играчкиот кадар. Поточно, клубот кој нема да избори пласман во Премиер лигата би можел да ги изгуби најдобрите играчи.

Од таа гледна точка Фулам би можел да има поголем проблем. Доколку Фулам не успее да избори место во Премиер лигата не би можел да си дозволи да го откупи договорот на одличниот Александар Митровиќ од Њукасл, а со него веројатно би си заминал и Рајан Сесењон.

На хартија пред натпреварот Фулам е фаворит, но ќе видиме како сето тоа ќе се одвива на теренот на „Вембли“ во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …