Дома Трансфер зона Демирал сака да го напушти Јувентус?

Демирал сака да го напушти Јувентус?

Mладиот стопер на Јувентус, Мерих Демирал наводно е незадоволен од минутажата која ја има во Торино и според информациите од Италија спремен е уште во јануари да го напушти клубот.

Како што пренесуваат италијанските медиуми подредената улога која ја има Демирал кај Пирло може да доведе до заминување на младиот дефанзивец. Ако се изостави што девет натпревари беше отсутен поради повреда, Демирал од можни 11 натпревари за „старата дама“ одигра девет.

Основен мотив за поголем минутажа на Демирал е Европското првенство идното лето и тој не сака да го изгуби статусот на репрезентативец во репрезентативецијата на Турција.

Во Јувентус Демирал стигна пред година ипол од Сасуоло, а претходно играше за Аланија и Б тимот на лисабонски Спортинг.

Демирал важи за играч кој има потенцијал, па сигурно доколку е решен да заминува понуди сигурно нема да му недостасуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти се „тепаат“ за новата бразилска ѕвезда

Европските гиганти покажуваат силен интерес за младиот бразилски напаѓач Јури Аберто. 20-г…