Дома Фудбал Репрезентации Демант на УЕФА: Аргентина нема да игра во Лига на нации

Демант на УЕФА: Аргентина нема да игра во Лига на нации

Во европските медиуми утрово се појави информација дека Аргентина би можела да игра во наредното издание Лига на нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Угледната Марка утрово објави дека УЕФА одлучила да ја покани Аргентина да учествува на наредното издание на Лига на нации.

Аргентинците се разочарани од случувањата во Копа Америка, а наводно после тоа добиле примамлива понуда за играње во Лига на нации.

Меѓутоа, УЕФА експресно се огласи после овие наводи на шпанска Марка и ги демантираше овие информации. Јасно порачаа дека не е точно дека ја поканиле Аргентина да играат во ова натпреварување.

„Нема вистина во тоа дека сме ја прашале Аргентина да игра во Лига на нации или во кое било натпреварување под капата на УЕФА. Тие не се членки на УЕФА и воопшто немало разговори околу тоа.“ – порача УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Еден од најскапите голмани во историјата понуден на Јувентус

Кепа Аризабалага може да замине од Арсенал, пренесува италијанскиот инсајдер Николо Шира. …