Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Деле Али го пропушта вториот меч, Саутгејт прави две промени

Деле Али го пропушта вториот меч, Саутгејт прави две промени

0

Ѕвездата на Тотенхем, Деле Али кој се здоби со мала повреда на првиот меч против Тунис, најверојатно ќе го пропушти вториот натпревар на „Гордиот Албион“, пренесуваат медиумите на Островот.

На негово место против Панама во стартниот тим ќе биде Лофтус-Чик, кој против Тунис влезе во игра во второто полувреме и беше одлично оценет.

Саутгејт сака да го чува Деле Али за дуелот со Белгија, а притоа размислува за уште една промена во тимот. Според „Телеграф“ Рахим Стерлинг најверојатно ќе биде заменет со Маркус Рашфорд во стартниот тим.

Од друга страна „Сан“ пренесува дека Ешли Јанг против Панама ќе биде во стартниот тим на местото на Дани Роуз.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

Хајдук победи со 2:4, Мирко Ивановски двоен стрелец (ВИДЕО)

Maкедонскиот напапаѓач Мирко Ивановски денес одигра одличен натпревар за Хајдук на гостува…