Дома Фудбал Девет финалиња и девет трофеи за Зидан во Реал

Девет финалиња и девет трофеи за Зидан во Реал

Како тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има освоено бројни трофеи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал во Саудиска Арабија синоќа го совлада Атлетико по изведување на пенали, освојувајќи го Суперкупот, а се чини дека Кралевите не губат финале кога го имаат Зидан на клупата.

Имено, ова е деветто финале и деветта победа на францускиот тренер на клупата на мадридскиот гигант.

Започна со финалето на Лигата на шампионите во 2016 година, а во истата година го освои Европскиот Супер куп и Светското клупско првенство.

Во 2017 година, Реал на Зидан повторно го освои финалето во Лигата на шампионите, Супер Купот на Европа и Суперкупот на Шпанија, а потоа и Светското клупско првенство.

Една година подоцна, Лигата на шампионите повторно беше освоена а деветтото финале беше синоќа на почетокот на 2020 година каде Реал повторно славеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реакција на Луис Енрике по победата на Барселона против Реал стана хит

БАРСЕЛОНА на свој терен го совлада Реал со 2:0 благодарение на головите на Маркус Рашфорд …