Бесарт Ибраими продолжува со добрите настапи во дресот на Ксанти.
Во неговиот последен натпревар против Кавала во натпреварот од 4. коло во Супер лигата – 2 во Грција. Ксанти дојде до убедлива победа од 0:6, а два гола беа дело на македонскиот фудбалер. Ибраими головите ги постигна во 6. и 14. минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ибраими во септември се пресели во Грција од Шкендија каде што помина шест сезони. Ксанти е тим кој сезонова има амбиции за промоцијата во најсилна конкуренција во Грција.
Коментари