Бекот на Манчестер Јунајтед и италијански репрезентативец Матео Дармијан денес зборуваше пред новинарите за престојниот меч во квалификациите против Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италија ја пречекува Македонија на 6-ти октомври во Торино, а Дармијан порача дека македонската репрезентација е квалитетна и не треба да се потценува.
„Среќен сум што се вратив во Торино. Сите знаеме дека нè очекува тежок меч, бидејќи Македонија е квалитетна репрезентација и не треба да се потценува. Доказ за тоа е првиот наш дуел, кога иако имавме контрола над играта ни создадоа многу проблеми кои моравме да ги решаваме во последните секунди. Секако дека Македонија ќе сака да извојува победа, но ние сме подготвени да ги спречиме“, изјави Дармијан.
На мечот во Скопје пред една година Италија успеа да стигне до победата со голот на Имобиле (2:3) во 92-та минута.