Дома Фудбал Останато Дани Алвеш потврди: Заминувам од ПСЖ!

Дани Алвеш потврди: Заминувам од ПСЖ!

Искусниот брзилски репрезентативец Дани Алвеш јавно потврди дека го напушта тимот на Пари Сент Жермен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


36-годишниот Бразилец кој од 2017 година е дел од ПСЖ на својот Инстаграм профил потврди дека го напушта францускиот клуб.

„Заокружувам уште еден циклус во мојот живот. Би сакал да му се заблагодарам на ПСЖ за можноста да учествувам во пишување нова страница во историјата на клубот. Благодарение на сите соиграчи имавме моменти на заедничка радост, но и во тагата бевме заедно“, напиша Дани Алвеш.

Минатата сезона Алвеш одигра 32 натпревара за францускиот тим, постигна три гола и забележа осум асистенции.

Бразилецот два пати беше шампион на Франција, по еднаш ги освои Купот на Франција и Лига купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонецот Илоски му даде три гола на Интер Мајами на Меси (Видео)

Милан Илоски, кој има македонско потекло, блесна на натпреварот меѓу Интер Мајами и Филаде…