Дома Македонски спорт Мак баскет Дамјан Стојановски една деценија во МЗТ Скопје!

Дамјан Стојановски една деценија во МЗТ Скопје!

Kапитенот Дамјан Стојановски е првиот кошаркар кој летово ја обнови соработката со МЗТ Скопје Аеродром, со што продолжи љубовта која веќе една деценија постои помеѓу клубот и легендата на македонската кошарка.

“Кога двајца се сакаат и почитуваат, договор лесно се постигнува, па така и официјално може да потврдиме дека нашиот Дамјан и десетта сезона ќе го носи сино-белиот дрес. A, дека „врската“ е сериозна и е на долги патеки говорат и плановите на управата за негово вклучување во клупскиот менаџмент, секако откако ќе реши да ја заврши играчката кариера“, соопштија од МЗТ.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Стојановски е дел од МЗТ од 2012 година, период во кој дојде до седум шампионски титули, пет победи во Купот на Македонија и три во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…