Дома Топ вести Дали станува сериозно? Таткото на Меси започнал преговори!?

Дали станува сериозно? Таткото на Меси започнал преговори!?

Како што се е можно во фудбалот, исто така се е можно и на трансфер пазарот.

Лионел Меси целата своја кариера ја помина во Барселона, но прашање е дали ќе ја заврши во Каталонија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот Аргентинец е голема желба на Дејвид Бекам, а според пишувањето на „Сан“ сопственикот на Интер Мајами испратил преговарач на состанок со таткото на Меси.

Пол Мек Дону одржал сосстанок со Меси сениор во Лондон и главна тема била можноста аргентинската ѕвезда се пресели во МЛС фрашизата.

Доведувањето на Меси е голема желба на Бекам. Шанси на Бекам му се даваат затоа што Меси според клазулата во договорот во текот на наредното лето може да ја напушти Барселона бесплатно.

Ќе видиме дали Меси кој има 32 години ќе се реши кариерата да ја продолжи надвор од Европа, вака засега незамисливо делува помислата дека можеме да го гледаме во друг клуб.

Освен Меси желба на Бекам се Кавани и Луис Суарез. Поради ваквите најави нема сомневање дека Бекам има највисоки амбиции уште во првата сезона на неговиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…