Дома Трансфер зона Сопругата на играчот на Манчестер Јунајтед случајно откри дека нејзиниот сопруг заминува од клубот? (ФОТО)

Сопругата на играчот на Манчестер Јунајтед случајно откри дека нејзиниот сопруг заминува од клубот? (ФОТО)

Андер Ерера изгледа после пет сезони ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Долго време во медиумите се пишува дека Ерера ја игра последната сезона. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и засега напредок во преговорите за продолжување на соработката нема. Напротив, то е се поблиску до заминување.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сега неговата сопруга сосема случајно можеби откри дека се припремаат за преслба.

Сопругата на Еререра, Изабел Коладо на нејзниот Инстаграм профил објави видео на која можат да се забележат картонски кутии кои се користат при преселба.

Ерера претходно на големо се поврзуваше со трансфер во Пари Сен Жермен, „Скај Спорт“ неодамна тврдеше и дека играчот за врска има постигнато договор со „светците“.

ПСЖ на Ерера му нуди 185.000 евра неделно, сума која Јунајтед не е спремен да му ја понуди, па така изгледа само прашање на време е кога ќе се остварат најавите и Ерера ќе стави потпис на петгодишен договор со клубот од француската престолнина.

Во Манчестер Јунајтед тој пристигна за 36 милиони евра од Атлетик Билбао во 2014 година и досега одигра 187 натпревари, Оваа сезона настапи на 26 натпревари, постигна три гола и запиша исто толку асистенции.

Пред две години Ерера беше избран за најдобар играч на клубот од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…