Дома Фудбал Дали Солскјер погреши? Де Геа не одбранил пенал цели 5 години

Дали Солскјер погреши? Де Геа не одбранил пенал цели 5 години

Во Манчестер Јунајтед размислувале за пеналите против Виљареал да застане на голот Дин Хендерсон, бидејќи Де Геа не е убедлив кога се во прашање ударите од единаесет метри.

Меѓутоа, менаџерот Солскјер призна дека во последен момент одлучил да му даде доверба на Де Геа. Тоа се покажа како грешка, бидејќи Шпанецот не одбрани ниту еден од 11-те пенали, притоа самиот промаши од белата точка.

Де Геа е познат како голман на кого пеналите му се слаба точка. Последно Шпанецот одбрани пенал против Евертон во 2016 година, а од тогаш вкупно 40 пати не успеал да одбрани пенал.

Медиумите го обвинуваат Солскјер, кој знаејќи го овој факт морал да го стави резервниот голман при изведување на пеналите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи притиска за Скот: Борнмут бара повеќе од 100 милиони фунти!

Лондонскиот клуб ги обновил разговорите за Алекс Скот и верува дека може да го доведе во ј…