Дома Топ вести Дали Реал навистина го купил Азар? – Ова се двете верзии!

Дали Реал навистина го купил Азар? – Ова се двете верзии!

Веста беше лансирана во текот на ноќта, но искрено има недостатоци. Не е спорна неговата желба, туку ставот на Реал кој изгледа е најголемата препрека во целата работа.

Француските медиуми поточно „Le10Sport“ тврди дека трансферот помеѓу Реал Мадрид и Челзи е договорен и дека Белгиецот за 190 милиони евра ќе се пресели во Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наводно денес се ќе биде потврдено на состанокот на претставниците на двата клуба, но во Шпанија се прилично скептични кога е оваа информација во прашање.

Прво според изворите во оваа земја, Реал не е спремен да вложи толкава сума, втората нивна понуда беше 120 милиони евра која лесно беше одбиена.

Челзи според некои информации прво барал сума за нов светски рекорд, но потоа ги спуштил апетитите на околу 170 милиони евра, но и таа сума Перез како што пишуваат шпанските медиуми не сака да ја плата.

Судејќи според целата ситуација, Куртоа се очекува да биде доведен, додека Азар останува големо прашање.

И понатаму се појавуваат информации низ мадритските медиуми дека Реал нема да тргне по патот кој сите го очекуваат и дека ќе бара млади играчи, па Родриго од Валенсија би можел да биде замената за Бензема. Во ваквите информации се потенцира дека Реал нема намера да потроши 200 милиони евра на еден играчи.

Се пишуваше и за Икарди, но неговата клазула од 100 милиони евра истече на 15 јули и сега мора да се преговара со Интер, доколку навистина тој беше нивна желба сигурно нема да чекаа.

Се појаваат гласини од сите страни, Азар изгледа е навистина голема желба, но не по секоја цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…