Лионел Меси после паузата од неколку месеци се врати во репрезентацијата на Аргентина меѓутоа и со него во тимот Аргентина вчера беше изненадена од Венецуела со 3:1 во пријателски натпревар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси често пати добива критики од фудбалската јавност за неговата игра во репрезентација, неуспехот на репрезентативно ниво се смета за негов најголем недостаток и силен аргумент на оние кои сметаат дека некои други фудбалери се подобри од него.
Веднаш после вчерашниот натпревар дискусијата повторно се разви и на таа тема може долго да се зборува. Вистината можеби е некаде на половина сигурно не е Меси само виновникот.
Една акција од вчерашниот натпревар против Венецуела можеби е најдобар показател зошто Меси не е така добар во Аргентина каков што е во Барселона. Коментар на ваквата ситуација веројатно не е потребен доволно е да го погледнете видеото и се ќе ви стане јасно.
Какво е вашето размислување?
Claramente Messi, en Argentina, no tiene a compañeros del nivel de los del Barca. pic.twitter.com/VuNzVFUngW
— Carlos Carvallo (@CarvalloCarlos) March 23, 2019