Дома Останати Кошарка Дали Леброн и Лејкерси се добитна комбинација ќе покаже времето, но изгледа дека – СЕ!

Дали Леброн и Лејкерси се добитна комбинација ќе покаже времето, но изгледа дека – СЕ!

0
lebron

Четири дерби натпревари – четири пораз. Четири почетоци, четири мачни сезони. Три на крајот беа за шампионски тимови. Дали Леброн Џејмс може истото да го повтори и со Лејкерси?

Кога пред 15 години започна ерата на Леброн Џејмс за Кливленд не беше се така лесно за овој тим.

Таа 2003 година со 18 годишниот Леброн стартуваа со 0:5, па 2:7, 4:15…На крајот останаа и без плеј-офот. Следната сезона тргнаа со -3 и повторно го испуштија плеј-офот.

Имаше незгодни почетоци во кариерата на Џејмс, како оној во Мајами. Хит тргнаа со 8:7. Во сезоната кога се врати во Кливленд, Кавси започна со 5-7. Но од 2004/2005 Џејмс редовно настапува во плеј-офот.


Следете го Sportski.mk и на


Сега во сезоната 2018/2019 прв пат после подолго време неговата сезона започна со 2:5. Дали Леброн погреши кога го избра Лос Анџелес?

Го сакаат уште Хјустон, Филаделфија, Минесота и Кливленд се обидуваше да го задржи, но тој го избра „Стејплс центарот’.

После првите 11 натпревари во Лејкерси, иако неговиот тим има негативен учинок може да се каже дека и трет пат не донесе погрешна одлука кога во прашање е промената на тимот.

Oпции

Хјустон буквално се „распаѓаат“ на стартот на оваа сезона и тешко дека Леброн би можел да функционира добро со Џејмс Харден кој сака да биде „газда“ во тимот и не сака премногу да помага во одбраната. Освен тоа Крис Пол е почесто повреден отколку што игра, па веројатно во Хјустон не би имал многу на што да се надева.

Сиксерси имаат талентиран и атрактивен тим, но Џејмс уште минатата сезона забележи дека ги ограничува тандемот Симонс – Ембид бидејќи едноставно не функционираат добро заедно. Не се компатибилни, а покрај тоа Маркел Фулц е играч кого Филаделфија сака да го форсира и Леброн не би сакал да биде дел од таков проект.

Минесота исто така има талентиран тим, но тоа е тим од кој веќе пет години се чека да „експлодира“ и тоа никако да се случи. Освен тоа Минесота е „мал пазар“, „кралот“ сакаше тим во кој конечно ќе покаже дека е подобар од Мајкл Џордан.

Кливленд без оглед на неговата љубов кон родниот град, веќе не може да ги следи неговите амбиции, а тоа го гледаме оваа сезона во која Кавси се убедливо најлош тим.

Поради тоа Лејкерси беа логичен избор, иако Леброн во кариерата не сакаше да игра со многу млади играчи, сега бараше помлад состав кој ќе ги надополни неговите години, секако и тимот да е талентиран со големи амбиции.

Дојде како генерален менаџер кој знае како се освојуваат титули што им е потребно на големите ѕвезди.

Трпение

Лејкерси можат да доведат уште некој „суперстар“, но тоа би го „осакатило“ долгорочниот план, па одлучија да градат тим за иднината и да го прошират „салери кеп“ за наредното лето, па покрај Џејмс стигнуваа само ветерани на едногодишни договори.

Иако започнаа со порази, полека се кристализира системот на Лук Волтон кој е комбинацијата на младост и искуство.

Младите играчи како Брендон Инграм, Кајл Кузма, Лонзо Бал и Џош Харт имаат голем потенцијал кој го покажуваат од време на време, а Раџон Рондо, Џавелјк Мекги, Мајкл Бизли и Ленс Стивенсон се искусна допуна на тој талент.

Сега кога дојде Тајсон Чендлер, Лејкерси добија исклучително интелигентен центар способен да воспостави контрола во рекетот што им недостасуваше на стартот од сезоната.

Бол, Кузма и Харт ја играат само нивната втора сезона во НБА лигата. Леброн и уште четири играчи за прв пат во дресот на Лејкерси. Работата е јасна – потребно е време и трпение!

Стартот на сезоната не одеше според планот, Лејкерси стартуваа со три порази, потоа стигнаа и до победа, но и пинатаму се под нивото. После 11 натпревари се уште имаат негативен скор, Леброн истакнува дека за „хемија“ потребно е време, но се поставува прашањето колкав е лимтот на трпение на Џејмс.

„Не сакате да бидете во моја близина кога ќе го изгубам трпението. Сериозен сум“, предупреди Џејмс неодамна.

Време

Заборавете на ветераните кои стигнаа со едногодишни догвори – Рондо, Мекги, Ситвенсон, Бизили и сега Чендлер.

Костурот на тимот треба да биде од споменатите млади играчи (Инграм и Бол имаат 21 година, Харт и Кузма 23, Михајлук 21) кој би биле вистинска поддршка на Леброн кој за прв пат во кариерата е најстар играч на еден тим,

Поради тоа неубедливоот старт не е изненадување, така оди тоа со младите екипи. Но во таквите ситуации клучот е трпението. Тоа редовно го повторува и тренерот Лук Волтон.

Но што ќе биде кога ќе исчезне тоа трпение? Кога ќе го изгуби тренерот? Кога ќе изгуби навивачи? Когаќ е ги изгуби челниците на тимот? Кога ќе го изгуби самиот Џејмс?

Се уште е рано за била каква паника. Талентот е тука, Џејмс е тука, а тепачката која изби на теренот против Хјустон донесе суспензија за Рондо и Инграм. Колку и тоа да не изгледаше убаво може да биде важен дел од создавањето на тимска хемија.

Тоа се покажа после првиот натпревар на Инграм после суспензијата кога постигна 24 поени, а можеше и многу повеќе доколку не влезеше во проблем со прекршоците. Волтон полека ја пронаоѓа добитната комбинација.

Лејкерси не се совршени, но се талентирани и гладни за победа, а самодовербата констатно им расте. Од грешките градат карактер, а покрај Џејмс можат да учат како да победуваат.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Трансферот договорен: Рабио ја избра Барселона!

Ѕвездата на ПСЖ Адриен Рабио следното лето ќе го облече дресот на Барселона, пренесува „Му…