Дома Фудбал Дали го заборавивте Есиен? Тој пронајде нов клуб

Дали го заборавивте Есиен? Тој пронајде нов клуб

Се сеќавате на Микел Есиен? Ганецот денеска е далеку од славата која ја уживаше во периодот кога играше за лондонски Челси, а странските медиуми пренесуваат информација дека после едногодишна пауза пронајде нов клуб.

Откако го напушти индонезискиот клуб Бандунг, овој искусен играч се поврзуваше со неколку клубови, но се до денеска беше без ангажман. Својата кариера Есиен сега ќе ја продолжи во Аззербејџан, каде договорил соработка со прволигашкиот клуб Сабаил, што е потврдено и на клубскиот сајт.

Есиен со новиот клуб потпиша договор до мај 2020. година, а истовремено ќе работи и како помошен тренер на јуниорскиот тим, што е дел од неговиот пат да дојде до тренерска лиценца.

Сабаил, кој претходната сезона заврши на седмата позиција на табелата, за Есиен ќе биде осми клуб во досегашната професионална кариера. Ганецот претходно играше за Бандунг, Панатинајкос, Милан, Челси, Реал Мадрид, Лион и Бастија.

Најголем успех постигна со Челси, со кој ја освои ЛШ, два пати Премиер лигата, четири пати ФА купот и еднаш Лига купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет гола сезонава: Несторовски двоен адут во триумфот на Славен Белупо

Илија Несторовски постигна два гола во гостинската победа од 5-3 против Горица. Македонски…