Дома Фудбал Дали Аморим со оваа изјава ја најави преселбата на Енфилд?

Дали Аморим со оваа изјава ја најави преселбата на Енфилд?

Фудбалерите на Спортинг Лисабон брилјираат во тековната сезона. Најголема заслуга за добрите игри и забележителните резултати на клубот има актуелниот стратег Рубен Аморим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Талентираниот стратег на тој начин се најде на мета на многу познати клубови, меѓу кои се издвојува Ливерпул.

Сепак, пред дуелот со Бенфика, кој најверојатно ќе го реши шампионот, тој проговори за својата судбина на клупата на Спортинг.

Не можам да гарантирам дека ќе останам во Спортинг. Ако не ја освоиме титулата, нема да останам. Мора да продолжиме да победуваме, а кога ќе заврши сезоната ќе размислуваме за следниот период – изјави Аморим.

Спортинг е првопласираната екипа во португалскиот шампионат и има 68 бодови, само еден бод повеќе од Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус веќе преговара за Емилиано Мартинес

Аргентинскиот голман на Астон Вила, Емилиано Мартинес, веќе е главна трансферна цел за Јув…