Изминатата ноќ беа одиграни шест натпревари во НБА лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Победи остварија Бостон, Милвоки, Њу Орлеанс, Сан Антонио, Чикаго и Далас. Посебно внимаие привлеуваше Дуелот помеѓу Далас и Лејкерси во кој на крајот Далас славеше со 115:100.
Одличен како и вообичаено беше Лука Дончиќ кој стигна до 30 поени, 9 скокови и 8 асистенции, како и три украдени топки. Ова е веќе втор натпревар во низа на кој Дончиќ постигнува 30 поени.
Лука го следеше Порзингис кој уфрли 19, но поради повредата натпреварот мораше да го напушти во третата четвртина. На другата страна опоравениот Ентини Дејвис беше скромен со само четири поени и четири скока. Најефикасен во редовите на Лејкерси беше Калдвел Поп со 29 поени, Шродер следуваше зад него со 25.