Дома Фудбал Италија Даглас Коста призна: Невозможно е да го следиме Роналдо на тренинзите

Даглас Коста призна: Невозможно е да го следиме Роналдо на тренинзите

Бразилскиот крилен фудбалер Даглас Коста призна дека е невозможно да го следи Кристијано Роналдо на тренинзите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Коста и Роналдо од неодамна се соигра во Јувентус откако Португалецот за преку 100 милиони евра дојде од Реал Мадрид.

Коста очигледно е импресиониран од неговата желба за тренинг, па брзо призна дека е невозможно да го следи.

„Невозможно е да го следите Роналдо на тренинг. Кога пристигнавме тој веќе тренираше, а кога заминавме, тој се уште тренираше. Никогаш го немам тоа видено.“

Да потсетиме, дебито на Роналдо во дресот на Јувентус се очекува да биде на 18 август кога Јувентус во рамките на првото коло од Серија А гостува кај Киево.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зошто Барселона не го повлече дресот со број 10 на Меси? Специјалното правило го објаснува тоа

ЛИОНЕЛ МЕСИ остави неизбришлив белег во Барселона, и според многу фанови, клубот требаше д…