Дома Фудбал Англија Давид Луиз конечно објасни зошто го напушти Челси и потпиша за Арсенал

Давид Луиз конечно објасни зошто го напушти Челси и потпиша за Арсенал

0

Давид Луиз во изненадувачки трансфер го напушти Челси и потпиша за Арсенал.

Бразилецот во 2011. година стигна во Челси, а три години после тоа замина во ПСЖ, но повторно се врати на Стемфорд Бриџ во 2016. година.

Пред неколку месеци потпиша нов договор со Челси и се чинеше дека ќе остане во клубот уште некое време, но пред самиот крај на преодниот рок одби да тренира и побара трансфер.

На последниот ден од преодниот рок потпиша за Топџиите, а сега откри дека го напушти Челси затоа што не се вклопил во плановите на Лампард.

„Во разговорот со Френк Лампард заклучив дека има различен план за годината. Разговаравме потполно искрено и тој даде јасно до знаење дека има различни идеи од моите.“

„Така, имав шанса да добијам понуда од Арсенал, кој е одличен клуб.“ – додаде Луиз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фуд…