Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Давид Де Геа единствениот голман со – „нула“ интервенции!

Давид Де Геа единствениот голман со – „нула“ интервенции!

de gea

Интересни статитички податок може да се забележи на официјалната страна на ФИФА.

Шпанскиот голман Давид Де Геа е единствениот од 33 голмани кои настапиле на Светското првенство, а да е без ниту една интервенција, според официјалната статистика која ФИФА ја објави на својот сајт.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанската јавност е изненадена од веројатно најдобриот голман во Премиер лигата. Прв на листата со најмногу интервенции е Мексиканецот, Гиљермо Очоа со 14.

Да потсетиме, Де Геа се „прослави“ на стартот со големиот кикс кога после шутот на Роналдо, тој натпревар Шпанецот го заврши со три примени погодоци (3:3). Против

Иран голманот на Манчестер Јунајтед успеа да ја сочува својата мрежа, но тогаш немаше потреба да интервенира ниту еднаш.

Зад Очоа на листата со најмнгоу интервенции следуваат: Каспер Шмајхел (Данска ) со 10 интервенции, Кејлор Навас (Костарика), Рајан (Австралија) и Халдарсон (Исланд) со по десет интервенции.

Од друга страна најдобри во овој момент, односно со 100% учинок се Фернандо Муслера (шест одбрани) и Хрватот Даниел Субашиќ (пет), тие се уште се без примен гол на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гвардиола во големи проблеми пред дербито со Арсенал

Викендов во недела на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Манчестер Сити …