Иднината на Илкај Гудоган е главна тема во спортските медиуми бидејќи неговиот договор со Манчестер Сити истекува на крајот на овој месец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гундоган се уште не го продолжил договорот со „граѓаните“ и се поврзува со многу европски гиганти.
Германецот се огласи и потврди дека се уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата, но сигурно нема да се врати во Бундеслигата.
„Се уште не сум донел одлука за иднината, се уште размислувам. Имаше контакти со Борусија Дортмунд, но не сериозни, враќањето во Бундеслигата не е дел од моите планови“, изјави Гундоган.
Најсериозен интерес за Гундоган покажуваат Барселона и Арсенал.