Дома Македонски спорт Мак ракомет Грчко сценарио во СЦ „Кале“: Скандал по кој Македонија триумфираше службено

Грчко сценарио во СЦ „Кале“: Скандал по кој Македонија триумфираше службено

Скандал денес го одбележа мечот во рамки на ЕП за ракометарки до 17. години на „Кале“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, младите селекции на Македонија и Грција попладнево требаа да го одиграат својот прв меч од ЕП, но дуелот беше откажан. Откако по загревањето, ракометарките се повлекоа од теренот, челниците на грчката репрезентација најдоа „маана“ во маичките на коишто пишуваше Македонија,па ракометарките на грчката репрезентација воопшто не излегоа на теренот.

Подоцна решија да излезат на паркетот, но само по 32 секунди барајќи тајм аут, селекторот повторно ја повлече својата екипа, по што епилогот беше службена победа за македонските ракометарки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …