Дома Фудбал Франција Гросо по само една победа доби отказ во Лион

Гросо по само една победа доби отказ во Лион

Италијанецот Фабио Гросо повеќе не е тренер на Лион откако доби отказ од функцијата поради слабите игри и резултати.

Пред два месеци Гросо го наследи Лорен Блан на клупата, меѓутоа разочарувачките настапи на Лион продолжија и тимот остана закован на дното. Гросо победи само еднаш и тоа на гости против Рен.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Отказот за Гросо дојде по поразот на последниот домашен натпревар од Лил кога веќе беше јасно дека ќе следи разделба.

Привремено екипата ќе биде предводена од Пјер Саж кој во последните месеци ја завршуваше функцијата директор на тренинг-центарот на Лион. Новиот тренер би требало да биде назначен во текот на наредната недела. Викендов Лион го очекува натпревар против Ленс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Шпански медиуми: Манчестер сити нуди 275 милиони евра за Јамал

МАНЧЕСТЕР СИТИ планира да поднесе понуда за Ламин Јамал со која би го собориле светскиот р…