Дома Топ вести Гринвуд пред трансфер во Јувентус

Гринвуд пред трансфер во Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус е фаворит за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона блесна во дресот на Гетафе.

Гринвуд нема иднина во Манчестер Јунајтед, но оваа сезона одигра одлично во Гетафе и го привлече вниманието на многу клубови.

Проблематичниот англиски фудбалер, ја оживеа својата кариера во Гетафе по тешкиот период во Манчестер Јунајтед каде беше обвинет за силување.

Јувентус веќе стапил во контакт со менаџерот на 22-годишниот Англичанец и двете страни постигнале вербален договор.

Манчестер сака да го продаде и за неговата слобода бара 40 милиони фунти, а Јувентус е блиску до договор и со „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…