Дома Фудбал Гризман на терените се враќа следната година

Гризман на терените се враќа следната година

Антоан Гризман ќе ги пропушти последните два натпревари за Атлетико Мадрид до крајот на годината.

Гризман се повреди во дербито со Реал Мадрид, откако врз него остро стартуваше Дани Карвахал.  Атлетико денес потврди дека Французинот нема да биде на располагање за натпреварите против Гранада и Севиља.

Денешниот преглед со магнетна резонанца покажал повреда на бутниот мускул, па Гризман ќе мора да паузира неколку недели и ќе се врати на терените во 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Челси му се истенчи трпението: Фофана и Густо пред излезна врата?

По елиминацијата од Ливерпул во Лига купот, се појавија информации дека Челси размислува з…